Демонстранти се судрија со припадници на специјална полиција за време на првиот  во низа настани со што ја одбележаа десетгодишнината од убиството на 15 годишниот тинејџер Алексис Григоропулос.
Лица со качулки фрлаа камења и други предмети кон полицијата по почетокот на студентскиот марши, а полицијата се возврати со солзавец.

Властите објавија дека распоредиле 2.500 полицајци и хеликоптери.

Убиството на Григоропулос пред 10 години предизвика протести низ целата земја, што траеше со недели.

Полицаецот кој го уби Алексис Григоропулос беше осуден на доживотен затвор, а друг полицаец кој присуствуваше на убиството доби 10 години затвор но беше ослободен нешто подоцна.

SHARE

Оставете Коментар