Хаос во Атина, пратеници бркани на Синтагма, Коѕиас открил тајни информации

Со само два гласа повеќе од минимумот преживеа владата на премиерот Ципрас која беше под удар од опозицијата поради договорот со Македонија.

Најголем изненадување беше потпретседателот на собрание, Димитрис Каменос од АНЕЛ кој гласаше против Владата, по што веднаш беше исклучен од пратеничка група.

Владата на Ципрас преживеа со ‪153 гласа ЗА ‬и ‪127 против.

Паралелно се појавуваат и анкети според кои 68.3% од граѓаните се против договорот, 73.2% се против името новото име кое содржи Македонија.

Најголем проблем за Ципрас е што дури половината или 49% од членовите и симпатизерите на Сириза се против договорот на Ципрас и Заев.

Од декласифицираните податоци, Коѕиас во рассправата посочил дека во консултации со Грчките археолози е отфрлен терминот Горна заради поврзаност со Античкиот период

Проблеми има и Каменост кој лично се заложил да преживее владата на Ципрас.

Заменикот регионален гувернер на Кожани Панагиотис Планкедас од АНЕЛ барал од лидерот Каменос неговите сопартијци да гласаат за недоверба на Владата и да го спречат утрешно потпишување на договорот.

Тензии за Каменост и за Ципрас се очекуваат и утре, кога сите АНЕЛ функционери од западна Македонија најверојатно ќе го следат Планкедас на антивладините протести закажани за Лерин.

А во Атина се уште не стабилно, демонстрантите кршеле автомобили на пратениците, некои од нив биле бркани низ центарот на Атина околу собранието а има и неколку повредни во судирите со полицијата.

Двајца од демонстрантите успеале да влезат во парламентот и да повредат еден пратеник но специјалните полициски сили не дозволиле поголеми инциденти со трагични последици.