Косовскиот премиер Рамуш Харадинај смета дека само на учеството на Американците во дијалогот Белград-Приштина може да донесе резултат на тоа.

„Јас сум скептичен дека може да има резултати во овој дијалог, бидејќи пет години се истите луѓе…Не сфаќам како нешто одеднаш може да се промени, не ми е јасно како тие можат да ја придвижат работата“ вели Харадинај како што пренесе РТК1.

Тој, како единствен начин да направи промени, споменува вклучување на „нова сила” во дијалогот.

„Ако Американците тврдат дека тоа (дијалогот Приштина-Белград) е прашање на Европа, ќе продолжиме да седиме на маса и ќе дозволиме Европа да ги преземе работите во свои раце, но нека помогне и Германија“, рече Харадинај.

SHARE

Comments are closed.