„Ние имаме Устав и секој што ќе излезе надвор од него значи дека гази врз договорот од Декларацијата за независност“, изјави денеска косовскиот премиер Рамуш Харадинај како одговор на новинарско прашање за „црвените линии“ во преговорите на Приштина со Белград.

Харадинај го предупреди косовскиот претседател Хашим Тачи дека може да биде разрешен од функцијата доколку во преговорите со Србија го прекрши Уставот на Косово, пренесе МИА.

Според него, извештајот за дијалогот со Србија ја претставува реалната состојба. Приоритет за Приштина, како што наведе Тачи, во дијалогот со Белград е спроведувањето на претходно постигнатиот договор за енергетика.

 

SHARE

Comments are closed.