Хашим Тачи бара референдум за спорот со Србија

Референдум за спогодбата меѓу Косово и Србија, побара косовскиот претседател во отворено писмо до јавноста  објавено од локалните медиуми.

Хашим Тачи вели дека косовските граѓани треба да изјаснат за договорот кој им гарантира на двете земји членство во НАТО и ЕУ.

Позицијата на Тачи беше објавена на неговата Фејсбук профил.

Косоварите треба да одлучат што сакаат – добрососедски односи или изолација, вели тој.

Косовскиот претседател остро ја критикува опозицијата којасе обидува да ги спречи преговорите и на 4 септември свика специјална седница на парламентот, за да се заштити со резолуција “секој обид за загрозување на суверенитетот и територијата”.

Оставете Коментар