Хашим Тачи ја сака Прешевска долина, но не го дава северно Косово

Косовскиот претседател упорно тврди дека “корекција на границите“ подразбира само поврзување на Прешевската долина на југот на Србија (општина со мнозинско албанско население и две помалку со српското), но не и „давање“ на доминатнтоното српско северно од Косово на Србија.

Со тоа Хашима Тачи мајсторски се обидува да ја блокира резолуцијата покрената во косовскиот парламент, која се противи на идејата за размена на територии, оценуваат медиуми.

Извори во рамките на претседателството велат дека  „сè е под контрола, дека тој нема да се откаже од својата идеја и дека овој пат тој ќе излезе како победник“.

Но, и министри на ЕУ изразија загриженост за идејата за промена на границите меѓу Косово и Србија, предупредувајќи дека тоа би можело да го дестабилизира Балканот, регион каде што етничките тензии продолжуваат Против корекцијата на границите се исто така лидери на балканските земји, бидејќи, според проценките, „се отвора Пандорината кутија, што ќе предизвика хаос низ целиот регион и пошироко”.

Трампа за договор: Северно Косово за Прешевска долина!?

 

SHARE