Косовскиот претседател смета дека постојат реални шанси за обединување на Прешевкса долина со Косово.

Во изминатите два дена тој имал средби со академици, бизнисмени, поранешни борци на Ослободителната војска на Прешево, Медвеѓа и Бујановац, претставници на дијаспората и на  граѓанското општество на кои се расправало за припојувањето на тој дел од Јужна Србија со Косово, пренесува МИА.

„Обединувањето на Прешево, Медвеѓа и Бујановац беше главна тема на нашите разговори. Заеднички заклучок беше дека ова е историски момент за заживување на легитимното право на граѓаните од оваа област, во рамките на дијалогот меѓу косовската и српската држава“ напиша Тачи на Фејсбук.

SHARE