Хазби Лика не може да се спаси, се врати за да замине од Владата

На министерот за Охридски договор Хазби Лика не му помогна тоа што го прекина платениот одмор односно бојкотот на Владата.

Хазби Лика и Крешник Бектеши заминуваат од Влада, дознава Телма од извори во владината коалиција.

На местото на Хазби Лика, можно е да дојде Атила Реџепи, поранешен директор на тетовската болница, додека сегашниот министер за економија, Крешник Бектеши, може да биде заменет со Аргетим Салиу, професор на универзитетот Мајка Тереза.

Премиерот Зоран Заев, неколку пати до сега, најавуваше реконструкција на владата, но тоа не се случи. Заев сега тврди дека небсе работи за реконструкција туку дека партиите сакаат сами да ги повлечат свои луѓе од владата.

Заев му прости на Лика, вицепремиерот се враќа на работа

SHARE

Оставете Коментар