Хазби Лика не троши откако не оди на работа, а пред тоа…

Вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор Хазби Лика за угостителски услуги во рамки на државните институции и за ресторани и кафеани надвор од институциите додека одел на работа потрошил 235.163 денари или околу 4 илјади евра, покажува, алатката за отчетност за трошоците на носителите на јавни функции., објави порталот „Сакам да кажам“.

Алатката содржи податоци заклучно со мај, а од мај и вицепремиерот не доаѓа на сеници на владата.

Нема податоци дали, иако не се појавува на седници, уште користи и одобрени средства од буџетот за репрезентација и патувања.

SHARE

Оставете Коментар