Хеико Мас ги спореди ЕУ и САД со „зајаче пред питон“

Германскиот министер за надворешни работи  ја повика Европската унија да се откаже од принципот на едногласно донесување одлуки, за да не биде „како зајаче пред боа“ поради санкциите кои ги воведуваат САД.

Коментирајќи ги односите меѓу ЕУ и САД, Хеико Мас го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп поради неговите изјави дека ЕУ е непријател на САД.

„Во случајот со економските санкции или царините не можеме да седиме како зајаче пред боа“, изјави министерот за надворешни работи во интервју за „Билд“.

Според германскиот министер за надворешни работи треба да се промени начинот на кој се донесуваат важните надворешнополитички одлуки во Унијата, бидејќи важечките правила засновани на едногласност, придонесуваат за зголемување на тензиите внатре во самата ЕУ. Претходно Мас ја критикуваше американската надворешна политика, велејќи дека трговската војна меѓу Кина и САД ѝ се заканува Германија, а стремежот на Американците да влијаат на европскиот енергетски пазар со помош на санкции против Русија е неприфатливо.

Во јули, претседателот Доналд Трамп ги смести земјите од ЕУ меѓу непријателите на САД.

Тој изјави дека „ЕУ е исто толку лоша како Кина, само малку помалку“.

Односите меѓу САД и ЕУ се изострија поради излегувањето на Вашингтон од нуклеарната договор со Иран, а исто така по воведувањето на царина за челикот и алуминиумот, кои се увезуваат од европските држави.

Како одговор, Брисел наложи 25 отсто давачки за голем број американски стоки.

SHARE