Химната: Ќе ја пееме по старо, официјално мора да биде со новото име

Покрај името, опсегот, името на нацијата, јазикот, кратенките за интернет, трговски марки Македонија и Грција разговараат и за промена на химната.

Грчката страна инсистира сите официјални обележја на државата да се променат согласно договорот а со оглед дека националната химна Денес над Македонија се раѓа е симбол на државата заедно со името и знамето ќе мора формално да биде променета.

Пејте ја како што ви одговара но официјалниот текс мора да го содржи новото име на пример Илинденска Македонија е пораката од Атина.

Ако навистина тоа биде прифатено наместо “Денес над Македонија” се раѓа официјално ќе биде целосно непевливата варијанта “Денес над Илинденска Македонија се раѓа….”

Според грчките сугестии во химната треба да има најмалку 6 промени или да биде без текст што според нив е добро и поради Албанците кои текстот не го прифаќаат како свој.

Денес над Македонија се раѓа,
ново сонце на слободата!

Македонците се борат,за своите правдини!Македонците се борат,за своите правдини!

Одново сега знамето се вее,на Крушевската република!Гоце Делчев, Питу Гули,Даме Груев, Сандански!Гоце Делчев, Питу Гули,Даме Груев, Сандански!

Горите Македонски шумно пеат,нови песни, нови весници!Македонија слободна,слободнo живее!Македонија слободна,слободнo живее!

SHARE

Comments are closed.