Холандија против преговори на ЕУ со Албанија

Холандскиот парламент го блокираше почнувањето на разговорите за пристап на Албанија со Европската Унија.

Повеќе од половина од пратениците, 76 од 150 го блокираа почетокот на преговорите на Албанија со ЕУ поради „сериозна загриженост во врска со борбата против корупцијата“, пренесуваат медиуми.

„Албанија не успеа да ги исполни своите пет приоритети утврдени во Извештајот за напредокот, нема докази за правни реформи, за борба против корупцијата и криминалот. Врз основа на ова, не можеме да започнеме процес на преговори. Холандската влада не треба да гласа за започнување преговори“, се вели во изјавата на холандскиот парламент.

Почнувањето разговори за членство на Албанија и на Македонија во ЕУ го поддржа социјалдемократите и зелените, кои имаат вкупно 33 делегати.

На Самитот на ЕУ 28-29 јуни требаше да се одлучи дали да започнат преговори со Македонија и со Албанија.

Сите одлуки во врска со процесот на пристапување во ЕУ се одлучуваат на ниво на ЕУ со едногласност, што значи дека секоја земја-членка може да го блокира процесот.

Се очекува самитот на ЕУ да одлучи да започне преговори со Македонија, откако земјата ќе го реши својот долготраен спор околу името со Грција.