Холандски аналитичар: Владата треба да е загрижена поради слабата јавна поддршка на договорот

„Наредново е извлечено од случајни разговори, но по две недели во земјата, ми стана јасно дека спроведувањето на македонско – грчкиот договор и натаму ќе биде тешка битка. Дури и младата и најчесто либерална младина се двоуми дали да гласа за договорот“, вели во својот твит холандскиот политички аналитичар Раиниер Јаарсма (@RJaarsma), по двонеделен работен престој во Македонија.

„Ова го базирам на повеќето дискусии кои ги имав во Скопје, со поширок круг на луѓе кои беа подготвени да дискутираат. Ниското ниво на јавна поддршка би требало да ја загрижи владата, затоа што за очекување е повеќе луѓе да го поддржуваат договорот во главниот град, отколку во внатрешноста“, продолжува со своите импресии Јаарсма, чија потесна специјалност е развојот на настаните во Западен Балкан.

„Токму поради тоа, разбирливо е тоа што опозицијата се одлучи за ставот на „гласање засновано на свест“. Повеќето од оние кои го поддржуваат договорот, тоа го прават преку воља и само поради користа која може/ќе ја имаат од договорот, што значи против сопствената свест“, завршува холандскиот политиколог.

1 Коментар

  1. Да. Да. Владата треба да биде загрижена, затоа што противењето на договорот со Грција покажува колку во Македонија има граѓани кои не се способни правилно да размислуваат.

Оставете Коментар