За разлика од порано кога на работа надвор главно одеа мажи, додека жените остануваа дома со децата, емиграцијата од Хрватска во 21 век се карактеризира со масовно заминување на цели семејства, од кои многумина немаат намера да се вратат.

Сепак, тоа не значи дека тие ја прекинуваат секоја врска со Хрватска а тоа го потврдуваат новите податоци на германската Бундесбанк.

Хрватски државјани кои живеат и работат во Германија, во 2017 година во земјата испратиле 187 милиони евра, а износот досега секоја година се зголемува: Во 2013 година од Германија во Хрватска биле испратени 121 милиони евра, а само четири години подоцна, оваа сума се зголеми за повеќе од 60 милиони евра.

Хрватите, сепак, не се шампиони во испраќање заработени пари од Германија во татковината.

Полјаците лани испратиле 440 милиони евра, 353 милиони Латвијците и Романците-  333 милиони. На 4 место се Грците со 191 милион евра испратени на свои роднини во татковината.

Хрватите се на 5 место, но процентуално според бројот на жители,  тие се веднаш зад Латвијците или на високото 2 место.

Оставете Коментар