Хрватската европарламентарка Дубравка Шуица предупреди дека неуспехот да се протурка предложената промена на името на Македонија би бил „катастрофален“ за земјата и за поширокиот регион.

„За жал, последиците би можеле да бидат многу тешки за македонските граѓани. Ако не дојде до промена на името, многу малку е веројатно дека Грција ќе ја прекине дипломатската блокада, односно ќе продолжи да ја блокира Македонија на патот кон евроатланската интеграција. Тоа ќе го попречи напредокот и развојот на Македонија, што ќе доведе до поголема несигурност во регионот, што би можело да резултира со намалена регионална безбедност. Таквото сценарио би било катастрофално, бидејќи Македонија ја докажа својата вредност, има намера да се приклучи на нашето семејство и е лојален сојузник на ЕУ во последните кризи. Навистина се надевам дека решение ќе се појави, бидејќи моменталната ситуација не е во интерес на никого“, изјави членката на Европска народна партија (ЕПП) од редовите на Хрватска демократска заедница (ХДЗ) во интервју за „Парламент магазин“.

Шуица, која е шеф на хрватската делегација во ЕПП во Европски парламент, вели дека е „задоволна што македонскиот парламент, по многу размислување, успеа да гласа за предложената промена на името, бидејќи отфрлањето на овој предлог би ја вратила Македонија повторно во ќорсокак“.

„Прашањето за Македонија е многу важно за регионалниот мир, просперитет и стабилност. Спроведувањето на оваа одлука ќе создаде неопходен нов ентузијазам за евроатланската интеграција и ќе го забрза процесот на пристапување во НАТО. Ова е патот што Македонија, како докажан западен сојузник, мора да го следи. Неодамна, имаше многу позитивни одлуки на двете страни кои придонесуваат за мирот и стабилноста. Се надевам дека и Грција ќе ја покаже истата одговорност, бидејќи добрососедските односи се клучни во ова прашање и, ако е така, очекувам овој процес да продолжи и Македонија да ни се придружи на масата на ЕУ“, додаде поранешната градоначалничка на Дубровник во два мандата.

„Проевропскиот премиер на Македонија, Заев, изјави дека ќе продолжи со промена на името на државата и покрај слабиот одзив на референдумот, кој беше само 37 проценти, бидејќи противниците на овој нов договор за името ги повикаа своите поддржувачи да не гласаат. Премиерот Заев го поддржуваат 91 отсто од оние што гласаа, па мислам дека ова е единствена можност Македонија да го финализира ова прашање, да се стабилизира како држава и да ја афирмира својата државност“, заклучи Шуица.

 

SHARE

9 Коментари

  1. „Ако не се преименува Македонија, ќе биде катастрофа!”, но Ако се преименува Македонија ќе ја снема!!! Со преименување се губи:
    1. Државноста!
    2. Суверенитетот!
    3. Независноста! И
    4. ТЕРИТОРИЈАТА!!!
    КЕ НЕМАМЕ ВЕЌЕ ДРЖАВА!
    ДРЖАВАТА ЌЕ БИДЕ НА КРАЈ ПОДЕЛЕНА МЕЃУ СОСОЕДИТЕ!
    НАРОДОТ ЌЕ БИДЕ ПОРОБЕН! БЕЗ СЛОБОДА И БЕЗ ДОСТОИНСТВО!!!
    Народе Македонски, РАЗБУДИ СЕ!!!

  2. Оваа Хрватска европратеничка е како наша Елизабета Канческа Милеска или во најдобар случај како Рангелова, Ха,Ха,Ха,Ха,Ха!

  3. Се работи за “школски пример” на ОКТРОИРАН УСТАВ, со октроирано државно и национално ИМЕ, не поскакивано од народот, како што беше и БЈРМ, те. ке добиеме трајната референца и вештачки национален идентитет, како увертира за распад на државата.

    • Infomax vesti: Според информации од Руското министерство за надворешни работи се очекува во текот на претстојната недела иницијатива за одржување вондредна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации да покрене Руската Федерација но и Кина, како две од петте постојани земји членки со право на вето.
      Воедно како брифираат дипломати од ОН, Русија нема да навлегува во елементот на ЕУ и НАТО интегративните процеси, напротив, според извори блиски до министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров, Македонија ќе го има истиот третман како и Србија.
      Она што би било елемент за правно толкување согласно меѓународното праве е правото на самоопределување на една нација или народ, нешто за што на Генералното Собрание на ОН се повика и претседателот Иванов.
      Иванов во својот говор воедно ги повика и сите 140 држави кои не имаат признаето под уставното име да не ја менуваат одлуката врз основа на Преспанскиот договор.
      Информации од турската дипломатија говорат дека токму таа земја ќе иницира и поширок спектар правни мерки во ОН. Имено Преспанскиот договор според турското МНР не е ни договор, тоа е спогодба која секоја влада може да ја донесе но тоа не значи дека веднаш има правен ефект.
      Имено Русија, Кина и Турција ќе се повикаат на Уставот на Република Македонија но и на пропаднатиот референдум за промена на името, кој како волја на граѓаните не е пресликан со насилното убедување и уцени врз пратеници за почеток на уставни измени.
      Факт кој повеќе говори дека се работи за класична уцена на една нација врз друга говори и последната изјава на грчкиот претседател кој побарал да се избрише секоја именка Македонија т.е. да се избрише Македонија во смисол на Втората Светска војна, каде Македонскиот народ се спомнува како дел од сојузничките сили во војната прови нацистичка Германија и фашистичките сојузници. https://infomax.mk/wp/советот-за-безбедност-ќе-одлучува-по-п/

      • РУСИЈА МОРА ДА ИМА ПРЕДВИД, АКО ОДИ ОД ПРЕКУ СБ, ДЕКА СПРОВИТЕ ЗА ИМИЊА НЕ ПОСТОЈАТ И НЕ МОЖЕ ДА СЕ ИМА „СПОР“, ТАМУ КАКО ШТО ИМА ПРОБЛЕМ СО ПРИЗНАВАЊЕ
        Русите како што гледа од изјавите во своите настапи зборуваат за „СПОР“ или „РАЗЛИКА“ и за т.н. Политичко РЕШЕНИЕ на „СПОР“ или „РАЗЛИКА“! Односно, ТИЕ НЕ разбераат дека НЕМА никаква „РАЗЛИКА“ или било каков „СПОР“ (што Иванов треба да им објасни дополнително !)
        ОВА МОРА да им се објасни на нашите Руски пријатели, за да не заврши се само со една жучна дискусија во Советот за Беѕбедност, те. Шлаканица за САД и Западот, без конкретната корист за нас Македонци те. Република Македонија.
        Русите мора да тргнат од фактот дека СПОРИВИТЕ ЗА ИМИЊА НЕ ПОСТОЈАТ НЕ МОЖЕ ДА ПОСТОЈАТ!, НЕМА СПОР, ТАМУ КАКО ИМА ПРОБЛЕМ СО ПРИЗНАНОЊЕ (НИЕ НЕ МОЖЕМЕ ДА НИ ИМАМЕ НИКАКОВ СПОР!)
        Спорови околу имиња и идентитетот не постојат во Меѓународното право.
        НЕПОСТОИ ЗАЕДНИЧКО ПРИФАТЛИВО РЕШЕНИЕ! Проблмот околу идентитет НЕ СЕ РЕШАВА СО КАКОВ БИЛО ДОГОВОР!
        НЕ ПОСТОИ ДОГОВОР ЗА ИДЕНТИТЕТОТ, НИТУ ИДЕНТИТЕТОТ МОЖЕ ДА СЕ КРЕИРА СО ДОГОВОР!
        ПРАВЕДЕН ДОГОВОР НЕПОСТОИ ПО ВАКОВ ПРЕДМЕТ ( ИМЕТО И ИДЕНТИТЕТОТ)!
        ДОГОВОРНО РЕШНИЕ Е НЕВОЗМОЖНО! Од тука, треба да крене Руската дипломатија, Турција, Кина, итн.
        (ВМРО не може нпр. да изјави „ние би постигнале подобар договор“!).
        При приемот на наша земја во ООН е направен ULTRA VIRES акт, односно државата е примена со дополнителни НЕЛЕГАЛНИ услови надвор од пропишаните во член 4 од Повелбата на ОН.
        Овие услови се: 1 Обврска за носење деноминацијата Бивша Југословенска Република Македонија; 2 Преговорите за името (сопстен правен идентитет) со друга држава.
        Според судскиот став на Меѓународен суд од 1948. г ваквите услови кои во време трансцедираат свршени услови за прием во ООН се НЕЛЕГАЛНИ.
        Рез. 817. препорака на Советот за Безбедност НЕ е предмет на поништување или дерогирање! За ова види во AJIL. Повеке види во МСП Советодавната јурисдикција.
        СБ нема примарно место во одлуките за членство и статусот во ОН, туку Генералното собрание, така да ние не ја менуваме препорака на СБ 817, туку продолжуваме членството.
        Генералното собрание донесува одлука, на ПРЕПОРАКА на СБ. Одлуките на ГС се обврзувачки по статусни прашања за ООН! Ние само ја применуваме постапката на МСП од 1948 , види АЈИЛ (1999). Тоа се е потврдено во мегународното право. Исто така треба да се каже и следното. Проблемот не е БЕЗБЕДНОСЕН, како што лаички се мисли во Македонија, бидејки за безбедносни прашања Генералниот сретаријат редовно поднесува извешати до ООН. Сега ако ги прекинеме преговори за името, Нимиц може само да поднесе извештај до Генералниот секретаријат, а овој може а и немора да се пожали до Советот за безбедност. Но Советот за безбедност неможе да донесе каква било резолуција со која би оневозможил акција во Генералното собрание на ООН или Мегинародниот суд за правдa.Советот при овој процес не може да донесе обврзувачка резолуција.
        Општото правило дека една безбедносна резолуција при нејзиното „поништување“ или тнр. „дерогирање“ мора да биде заменета со другата безбедносната резолуција (пр. Рез. 817 со некоја друга) не важи за приемните резолуции на Советот за безбедност во ООН, посебно ако не се спомнува Глава VII од Повелбата или повикување на мерки воведени со „цел зачувување на мирот и безбеноста”, а ова не е случај ниту со Резолуцијата 817, ниту со Резолуцијата 845 на Советот. Овие две резолуции не се „безбедносни“ акти и проблемот не е „заклучан“ во Советот за безбедност.
        (Доколку пример Резолуцијата на Советот беше од „безбедносен“ карактер Македонија не би ни можела да се зачлени во ООН. Ова важи и за секоја држава која аплицира за членстово во ООН односно Приемните резолуции не смеаат да содржат безбедносни елементи или да имаат „безбедносен“ карактер. Односно Македонија ниту, имала, ниту има активен спор со ниту една држава членка на ООН).
        Битно е да се знае дека правен принцип на САМООПРЕДЕЛУВАЊЕ (JUS COGENS), не се однесува само на народи и не е само колективното право, туку ДРЖАВНО ПРАВО односно меѓународно право на државата.
        Покрај човековите колективни права, постојат и следните категорији-области права:
        1. Права на ДРЖАВИ;
        2. Права на земји КАНДАДИАТИ за ЧЛЕНСТВОТО во ООН;
        3. ПРАВА НА ДРЖАВА ЧЛЕНКА на ООН.
        Токму за овие последните три категории права станува збор.

        • Znachi, kuso kazhano odnosno rezimirano:
          RUSIJA MORA DA IMA vo PREDVID, AKO SE ODI PREKU Sovetot za Bezbednost, deka:

          1. SPOROVITE ZA IMINJA NE POSTOJAT i NE MOZHE DA SE PRAVI SPOR, te. razlikata TAMU KADE SHTO vo sushitna IMA PROBLEM samo so diplomatskoto PRIZNAVANJE
          (NIE NE MOZHEME DA IMAME NIKAKOV SPOR ili razlika za predmetot pravniot ID),

          2 SPOROVITE ZA IDENTITET NE POSTOJAT,
          A SO MEGUNARODEN DOGOVOR i REZOLUCIJA (na OON). NE MOZHE DA SE UREDUVA ili regulira IDENTITETOT NA EDNA DRZHAVA
          ILI IDENTITETOT NA EDEN NAROD!

Оставете Коментар