Последиците од масовната миграција и намалувањето на бројот на раѓања се видливи и оваа учебна година, која започнува за помалку од една недела, пишува „Index.hr“.

Вратите ги затвораат 8 училишта,  во 117 училишта не е запишан ниеден нов ученик. Во 113 не е запишано ниту едно прваче.  Шест се затворени, бидејќи во нив нема ученици, а две заатоа што се преселиле во новоизграденото училиште.

Според прелиминарните податоци добиени од канцелариите на државната управа во окрузите, не се запишани нови ученици во 113 окружни и во четири матични училишта.

Изразено во проценти, во 9.95 отсто од училиштата нема да има првачиња, но тие ќе продолжат да работат поради учениците во повисоките одделенија.

Само минатата 2017 година, од Хрватска се иселиле 35.000 лица.

Хрватска е членка на НАТО од 2008 и на Европската унија од 1 јули 2013 година.

SHARE