Задарската полиција спречила обид за криумчарење на мигранти, откако синоќа стрелала и застанала во сомнително возило.

Мигрантите, 29 странски државјани од повеќе земји, биле во комбето со странски регистарски таблички, а се претпоставува дека  илегално ја преминале границата од Босна.

По добиената информација, полицијата поставила блокади со светлосни сигнали, но сепак  возачот не запрелпо што биле истрелани неколку куршуми кон возилото.

Откако возилото запрело, а возачот побегнал во комбето биле откриени миграните меѓу кои две деца со повреди од огнено оружје кои веднаш биле пренесени во болница во Задар.

Неодамна хрватската полиција која ја контролира границата кон Босна и Херцеговина добила наредба да воведе посериозни мерки поради зголемениот притисок од мигранти кои од БиХ сакаат да влезат на хрватска територија, дознава „Јутарњи лист“.

Наводно, на Балканот имало 50 до 60.000 мигранти чија цел бил Запад, а најблиска рута до таму била преку Хрватска. 

Оставете Коментар