Минатиот месец, група хрватски пратеници предложија нацрт-закон за испитување на потеклото на имотот и одземање на нелегално стекнатиот имот.

Хрватската влада го отфрли овој предлог и му препорача на парламентот да не го прифаќа.

Од владата објаснуваат дека веќе постојат методи за утврдување на незаконско стекнување имот.

„Самата проверка на веродостојноста на податоците за имотот наведени во извештајот за финансиската состојба на службените лица веќе се спроведува преку постоечките процедури во надлежност на Комисијата за судир на интереси, а за судиите, од Државниот судски совет во соработка со други надлежни тела на јавните власти“, тврдат од хрватската влада.

Поедноставно кажано, пишува Index.hr, на владата ѝ бил предложен закон за да се утврди кој и колку украл. Владата го отфрли предлогот, а потоа на 5 страници нашироко појаснува дека веќе имаат систем за утврдување колку и кој украл.  Но, во ниедна реченица не објасниуваат колку е ефикасен постојниот систем.

Наместо тоа, објаснуваат дека таков закон би бил контрапродуктивен и би ги повредил човековите права.

Оставете Коментар