Хрватски пратеник ги повикува Македонците да не го даваат името!

По примерот на многу западни политичари, и хрватскиот пратеник Иван Пернар се вклучи во кампањата за претстојниот референдум во Македонија, но, за разлика од првите, тој ги повикува Македонците да не го даваат името, односно да бојкотираат!

„Македонци, не давајте го своето име, тоа вреди повеќе од НАТО и од ЕУ“, им сугерира тој на Македонците во совршено јасна порака на несовршен македонски јазик.

На својот профил на Фејсбук пратеникот во хрватскиот Сабор вечерва објави фотографија од своето присуство на трибина за референдумот во Совет на Град Скопје, а претходно ја обвини Европска унија дека сака да ја измами и Македонија како Хрватска.

„Во Македонија имаат демографски слом како и ние во Хрватска. Целата држава се празни, заминуваат и Албанците и Македонците. Како и нас некогаш, ги уверуваат дека ќе им биде подобро во ЕУ, дека македонскиот ќе биде службен јазик на ЕУ, дека земјоделството ќе оживее со ЕУ-фондовите, дека ќе им пораснат платите и стандардот, дека само треба да гласаат ‘за’ на референдумот. Главно, сакаат да ги измамат како и нас. #бојкот“, напиша тој.

 

Оставете Коментар