И актерката Арна Шијак повредена, примена во ургентниот центар

Актерката Арна Шијак е примена вечерва во ургентниот центар во Скопје откако била повредена во вечерашните протести против договорот за името, информираат за expres.mk болнички извори.

Актерката вечерва била дел од групата која мирно демонстрирала против која полицијата применила мерки на насилатво, солзавец, гумени куршуми и шок бомби.

Нема информации за сериозноста на повредите на актерката која водеше неколку протести против промена на името.

6 Коментари

  1. Нелегитимна власт на СДСМ мора да замине! Време е за вонредни парламентарни избори!

    • Парламентарни избори може само кога се има слободна, демократска држава. Во окупација нема избори, има само револуција. Додека некои мантраат за избори, Македонија квислинзите ја преименуваат, го тептаат народот. Случајно е избрано Нивици и овој датум 17 јуни? НЕ! На денешен ден 1948 година е направен масакар на македонски деца и старци од Егејскиот дел насилно иселувани од своите домови од страна на тогашниот и сегашен монструми Англија. Ова е само нивни перфидно потсетување дека не си ја завршиле работаат. На ред е сега Вардарска Македонија, да го иселат насилно Македонците, да населат бегалци, да ја променат структурата на населението и засекогаш да стават крај на Македонија и македонизмот. Затоа ве молам доста со прказни за предвремени избори!

  2. Има некои кои не знаат што е легитимна власт, па легитимната власт ја нарекуваат нелегитимна. Не може да биде нелегитимна власт, власта формирана од мнозинство во Собрание. На некои тоа им е тешко да го разберат. Многу е едноставно, но нешто ги попречува правилно да размислуваат.

  3. формирана од мнозинство? Макдонија има луѓе со смисол за ЦРН хумор, кој очигледно ги попречува правилно да размислуваат.

Comments are closed.