Шефот на британската дипломтија, денеска поднесе оставка, јавуваат светски весници во ударнитевести.

Оставката доаѓа во драматичните моменти на „разводот“ на велика Британија од ЕУ и по оставката на таканареениот министер за „Бгегзит“’ Дејвид Дејвис кој исто така ја напушти владата на премиерката Тереза Меј.

„Премиерката попладнево ја прифати оставката на Борис Џонсон како министер за надворешни работи“, соопшти портпарол на Даунинг стрит 10, додавајќи дека Меј му се заблагодарува за неговата досегашна работа.

Тој нагласи и дека британската премиерка наскоро ќе именува нов шеф на дипломатијата. Џонсон е вториот министер во британската влада што поднесува оставка во последниве 24 часа, поради противење на планот на Меј.

Џонсон и споменатиот Дејвис беа незадоволни од резултатите од седницата на британската Влада одржана во петокот на која беше усвоен планот на Меј за идните преговори за договорот за истапување на Велика Британија од ЕУ.

По седницата, Меј побара од нејзините министри да се обврзат дека ќе ги почитуваат инструкциите во британските преговори со европските претставници за идните трговски односи на Велика Британија и ЕУ, правата на државјаните и жителите, границата со Ирска, британскиот однос кон европските регулативи и низа други прашања.

Оставете Коментар