И Босанците против (по)скапиот бензин

Loading...

Неформална група на Фејсбук, под мотото „Стоп за поскапување на горивата“ ги повика граѓаните на Босна и Херцеговина од денес па во наредните денови да ги блокираат патиштата во знак на протест против поскапувањето на бензините.

Дел од граѓаните, кои се незадоволни од покачувањето на цената на горивото, денеска ги блокираа улиците во неколку градови во БиХ.

Цените на горивата се зголемија во неколку наврати во последните неколку месеци, за речиси 20 евроцентри за литар.

Протестите ќе се одржуваат секој ден со почеток во 17 часот и во траеше од 45 минути.

Вчера протести против поскапувањето на бензините имаше во повеќе градови во Србија.