Бугарската влада одлучи Бугарија да се воздржи од пристапувањето кон Глобалниот пакт за безбедна, регулирана и редовна миграција.

Бугарија нема да учествува со свои претставници во Меѓувладината конференција за прифаќање на Пактот, која ќе се одржи во Маракеш, Мароко, на 10 и 11 декември, пренесе БГНЕС.

При подоцнежно гласање за резолуција во Генералното собрание на ОН претставникот на Република Бугарија во ОН ќе гласа со „воздржан”.

Владата оценила дека во оваа фаза одлуката да не се пристапи кон Глобалниот пакт за миграција ги заштитува интересите на земјата и нејзините граѓани, пренесува БГНЕС.

Австралија беше последна во низата која се изјасни дека нема да се приклучи кон Пактот на ОН с. Претходно повеќе држави, особено  оние предводени од конзервативни влади како Полска, Австрија, Чешка, Хрватска, Унгарија, Естонија, Израел и САД, се изјаснија дека нема да го потпишат.

Глобалниот пакт има за цел подобро  управување со миграцијата на локално, национално, регионално и глобално ниво со ублажување на факторите кои ја поттикнуваат миграцијата, намалување на ризиците со кои се соочуваат луѓето принудени да мигрираат, признавање дека општествата се подложени на демографски, економски, социјални и еколошки промени… создавање  услови кои ќе им овозможат на сите мигранти да придонесуваат во општествата каде ќе мигрираат…

 

SHARE

Оставете Коментар