И Цацко Конопишки “#бојкотира” (ФОТО)

Стара фотографија на Цацко Конопишки од хумористичната серија К – 15 стара стана популарна на социјалните мрежи во контекст на движењето бојкотирам.

На неа се гледа како Љупчо Бубо Каров познат по ликот Цацко носи маица со знакот/буквата Б која сега приврзаниците на движењето #бојкотирам на шеговит начин ја користат во својата кампања.

Каров односно Конопишки од лани во јули е надворешен советник на Министерот без ресор, задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, во Владата на Република Македонија.

Според Владата неговото искуство со медиумите и во јавните настапи,требаше да даде особен придонес во работата на Секторот за комуникации и односи со јавноста во Владата на Република Македонија. 

SHARE