И Денис Родман на средбата на Ким Јонг-ун со Трамп!

Loading...

Познатиот американски кошаркар ќе отпатува во Сингапур за време на најавената средба меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја Ким Јонг-ун.

Родман може да пружи неформална помош во преговорите на самитот, пишува „Њујорк пост“ според кој Родман ќе пристигне во Сингапур на 11 јуни.

Портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс, објави дека самитот на САД и Северна Кореја ќе биде на 12 јуни на сингапурскиот остров Сантос.

Родман (56) ја заврши активната спортска кариера во 2006 година, а ја посетил Северна Кореја шест пати, потсетуваат агенции, а последен пат – минатото лето.

Стејт департментот постојано повторува дека Родман не е официјален претставник и патува во Пјонгјанг како приватно лице.