И Матис „бесното куче“ иде во Скопје со поддршка на референдумот

Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис најави дека ќе ја посети Македонија пред референдумот на 30 септември за промена на името, изразувајќи загриженост поради наводно руско мешање.Шефот на Пентагон изјави дека е загрижен оти Русија би можела да се обиде да се вмеша во исходот на референдумот од чиј успех зависи членството на Македонија во НАТО.

„Демократиите треба да бидат оставени намира. Доколку нивниот амбасадор сака нешто да изјави, тоа е едно. Но проблемите кои Русија ги создаде од Естонија до САД, од Украина и сега во Македонија, тоа е секогаш прилагодено на одредена ситуација и секогаш е надвор од сите правила“ – рече Матис кој во македонската јавност е познат како “mad dog” или ,,бесно куче”

„Ќе отидам таму за да ставам многу јасно до знаење дека ние го поддржуваме македонскиот народ“ додаде Матис кој е највисокиот државен претставник на САД што ќе дојде во Скопје во пресрет на референдумот. В четврток во земјата ќе престојува помошникот државен секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел.

4 Коментари

  1. Можеби Има нешто ДОБРО и во Преспанскиот договор!? Кога ќе поминат „пречките”, според спогодбата-договорот од Преспа обврската на Македонија е да ги ИЗВЕСТИ 191 држава-членка на ООН дека сме од сега па натаму : „Северна Република Македонија”!!

    И во тој момент претседателот Иванов ќе биде ставен пред СВРШЕН ЧИН! Сакаш-нејќеш мораш да го пратиш контра-писмото до ООН до 191 држава-членка на ООН и Генсекот дека ние и натаму сме Република Македонија!!

    Е па драги моји, од тој момент, кога до ООН Иванов праќа писмото дека ние и натаму сме Република Македонија, а не сме Северна Република Македонија, сакаш-нејќеш почнува процесот за ПРИЗНАВАЊЕТО на уставното име Република Македонија во ООН
    .
    Со други зборови, по сила на околностите, почнува процедурата која подетално е објаснета од И.Ј.

    И нема бегање од тоа!!

    Впрочем, оваа стратегија ни е позната и од примерот „Косово-УНЕСКО (ПРИЗНАВАЊЕТО)”.

Оставете Коментар