И Европска комисија прогнозира помал раст на македонскиот БДП

По Светска банка, Меѓународен монетарен фонд и Народна банка на Македонија, и Европска комисија ја намали прогнозата за растот на македонскиот бруто домашен производ годинава на 2,1 проценти од предвидените 3,1 отсто во мај.

Во првите два квартала од годината реалниот БДП на Македонија се зголеми за 1,6 проценти во однос на истиот период претходната година, претежно со нето-извоз, додека растот на увозот забави, во голема мера одразувајќи го падот на инвестициите од 10 отсто, објави Комисијата.

Според Комисијата, економскиот раст на Македонија се очекува да се забрза на 2,8 отсто во 2019 година и на 3,1 отсто во 2020 година.

„Закрепнувањето се очекува да достигне тренд во 2019 и 2020 година, но со побавно темпо од предвиденото порано и да биде сè повеќе водено од зајакнувањето на инвестициите и со значителен фискален стимул“, се вели во прогнозата.

 

SHARE

Оставете Коментар