Двајца германски државјани се меѓу 13-те осомничени кои беа уапсени поради немирите во централна Атина кои избија синоќа за време на маршот, по повод 10-годишнината од убиството на полицаецот Алексис Григоропулос во близина на Егзархија.

Во Солун, во меѓувреме, полицијата уапси 15 лица на возраст од 16 до 27 години за слично насилство за време на демонстрациите за годишнината. Од нив, двајца се малолетници, а двајца се странски државјани, соопшти полицијата, пренесе „Катимерини“.

SHARE

Оставете Коментар