Почесниот шеф на грчката армија, Франгос Франгулис, побара да се спроведе петиција со цњел одржување референдум за договор за името на Македонија.

Во отвореното писмо објавено денеска, Франгулис, исто така, го отвара прашањето на гласачките права за Грците кои живеат во странство за кои владата одлучи да не донесува закони во моментов.

Тој повика без одлагање да им се даде право на глас на Грците од  дијаспората,  „кои се чисти патриоти и размислуваат за нацијата пред с’е, а не за партиски игри на секоја последователна влада”, пишува Франгулис кој најави дека треба да се оди од врата до врата „да собираме потписи, за правото на дијаспората да гласа на референдум за неприфатливиот национален договор меѓу Ципрас и Заев“.

SHARE