И Хашим Тачи ги повика македонските Албанци да гласаат на референдумот

По албанскиот претседател Илир Мета, и неговиот косовски колега Хашим Тачи ги повика Албанците од Македонија да излезат на референдумот на 30 септември и да гласаат „за“ договорот Заев-Ципрас.

Со скромен авторитет, како што рече, Тачи на заедничката прес-конференција по средбата со македонскиот премиер Зоран Заев ги повика граѓаните на Македонија, пред сè Албанците, да гласаат за Преспански договор, „кој ќе ја одведе Македонија во НАТО“, оценувајќи го актуелниот момент како „историски“ за соседната земја.