И импичмент за Иванов дел од пакетот за уставот

Кругови блиски на осумтемина пратеници на опозицијата кои гласаа за почеток на уставните промени тврдат дека дел од пакетот промени на уставот е и импичмент, односно гласање за недоверба на претседателот Иванов кој може да биде сменет од две третини на пратениците.

Јавноста веќе беше подготвена за вакво сценарио со истрагата за наводното кршење на уставот од страна на Иванов која е покрената со анонимна пријава.

Тоа според изворите на expres.mk било само тест да се види дали јавноста ќе се спротивстави на смена на претседателот кој според уставот не може да биде предмет на истрага а може да биде сменет само со 2/3 од пратениците.

Дел од 8те пратеници кои гласаа за почеток на уставните промени првично одбиле да гласаат за импичмент на претседателот Иванов со образложение дека нема законска основа за такво нешто но и поради страв дека граѓаните нема да прифатат насилна смена на единствената државна институција која е легитимно избрана на избори од мнозинството граѓани.

Претседателот Иванов предходно изјави дека нема да ги потпише указите за ратификација на Преспанскиот договор, уставните измени и Законот за јазици.

Според последните анкети Иванов има рејтинг од околу 10 проценти или во превод околу 200 илјади граѓани му ја даваат својата доверба нему.

SHARE

3 Коментари

  1. Со Преспанскиот, покрај вербален деликт и деликт на изразување, изјаснување, се воведува и ДЕЛИКТОТ НА МИСЛЕЊЕ, како во Орвел “1984”! Уште ќе ни треба и Полицијата за контрола на МИСЛА!
    Со ДЕЛИКТОТ НА МИСЛЕЊЕ се руши до крај идејата на човековите права и елементарни слободи!

  2. Сега треба да почне време на масовни протести во Македонија се до паѓање од власт СДСМ! Овие протести треба да бидат предводени од ВМРО и сите други обединети патриотски сили! Сите МОРА да бидеме обединети во рушење на СДСМ! Само заеднички можеме да го елиминираме ова зло наречено СДСМ и урнеме деспотската тиранија и диктатура во Македонија.

Оставете Коментар