И Каменос со жестока порака до Заев

„Оние кои изразуваат неодговорни ставови кон нашата земја би требало да знаат дека не постои простор за договор“, изјави Панос Каменос во врска со изјавата на Зоран Заев.

Грчкиот министер за одбрана реагираше на, според грчки медиуми, провокативните изјави во врска со можноста за учење “македонски” јазик од страна на “Македонците” во Грција, за што зборуваше македонскиот премиер во парламентот во саботата.

SHARE

2 Коментари

  1. Постапката за прием на некоја држава во членство на ОН е регулирана со член 4 од Повелбата во кој се утврдува (параграф 1) дека членството во ОН е отворено за секоја држава (1) која е мирољубива (2) , прифаќа да ги исполнува обврските содржани во Повелбата (3) и е способна (4) и има воља (5) да ги исполнува тие обврски, и дека (став 2) приемот во членство се врши преку одлука на Генералното собрание, а по препорака на Советот за безбедност. Во врска со разни условувања за прием на нови членки во ОН во текот на 1947 година Генералното Собрание се обраќа кон Меѓународниот суд на правдата (Резолуција 113 /2 – 1947) да даде советодавно мислење во врска со исцрпноста на условите наведени од (1) до (5) за прием во членство, односно дали држава – членка или орган на ОН, при своето гласање за прием на нова членка е „правно овластен“ својот глас да го стави во зависност од услови кои не се изрично предвидени во параграфот 1 од член 4. Во своето советодавно мислење судот дава негативен одговор на ова прашање. Генералното собрание, со својата резолуција (197/3- 1948) го прифаќа мислењето на судот и препорачува „на секој член на Генералното собрание и на Советот за безбедност при своето гласање за прием на нови членки да се придржува кон мислењето на судот”. Спрема мислењето на судот, условите од (1) – (5) во член 4 на Повелбата се:

    1. Правни правила (бидејќи Повелбата е меѓународен договор, а членот 4 е правна норма кон која треба да се придржуваат членките);

    2. Исцрпни (т.е. тие се потребните и доволни услови за прием; во спротивното нивниот број би бил неограничен и членот 4 би престанал да биде правна норма);

    3. Со свршен карактер (бидејќи врз основа на нивната исполнетост се оценува подобноста на државата за прием);

    4. Со изречен карактер (а не описни).

    Со признавањето од страна на Советот за безбедност дека државата – апликант ги исполнува условите од ( 1 ) – ( 5 ) од членот 4 на Повелбата, таа, заради универзалноста на организацијата, стекнува неотуѓиво и безусловно право за прием во ОН.
    Едно потсетување.
    Кога 1993. Рез. Советот за Безбедност 817 препорача прием на наша земја во ООН, но под реферирањето БЈРМ, за ова се гласаше следниот ден на 8 април 1993. во Генералното собрание на ООН.
    ВНИМАВАЈТЕ!
    Доколку некој од нашиве реагирал пред гласањето во Генералното собрание на ООН и искажал дека се работи за ДОПОЛНИТЕЛНИТЕ УСЛОВИ за ПРИЕМ со РЕФЕРЕНЦАТА, тогаш Генералното собрание на ООН би ја ПРИФАТИЛА ПРЕПОРАКА НА СБ 817,
    но НЕ ВО ЦЕЛИНА,
    туку (со поддршката од една држава (пример Турција):
    БИ НЕ ПРИМИЛА ВО ООН ПОД УСТАВНОТО ИМЕ!!
    Но од нашиве никој тогаш не направи приговор, никој не се побунил 1993, па Генералното собрание на ООН гласаше за верзијата на рез. што ја прими од СБ, без расправа!
    Да некој се побунил тогаш во 1993, ние би биле примени БЕЗ референца и со УСТАВНОТО ИМЕ во ООН!!https://www.youtube.com/watch?v=Zq6BJtBY1Mo

  2. Зошто се плаши да реагира Иванов? Се плаши дека едно прашање што не било на маса на СБ 25 години, повторно биде на маса, бидејќи правило е да предметите на маса на СБ не можат да се преместат во друг орган на ООН како што е ГС. Но јас објаснив како треба да се направи, но Иванов не ме разбира и се плаши од Руси!

Оставете Коментар