Несогласување, слично на она изразен од грчкиот претседател Прокопис Павлопулос за претстојните уставни промени на Македонија, изнел и поранешниот министер за надворешни работи Никос Коѕијас.

Според извори блиски до Коѕијас, поранешниот министер за надворешни работи (и потписник на Договорот од Преспа – н.з.) смета дека членот 49 од Уставот има потреба од нова формулација која ќе се однесува на заштитата на „македонскиот народ“ што живее „во странство“ наместо сегашната формулација во „соседните земји“. Во телевизиско интервју, Коѕијас тврди дека македонскиот премиер Зоран Заев “мора малку да го погледне“ членот 49 од Уставот, пренесува Reader.gr.

„Според Коѕијас, амандманот на владата на Заев во суштина се однесува на „македонскиот народ“ во странство, оставајќи го отворено малцинското прашање во Грција“, пишува „Катимерини“.

Павлопулос: Преспанскиот не признава македонска нација туку државјанство

 

 

SHARE

Оставете Коментар