И Колумбија во НАТО, само ние аут – пишува Горан Момироски

Македонија стои во чекалницата се додека не го промени името по желба на соседна Грција, а Колумбија влегува во НАТО со статус на Голобален партнер.

Колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос најави дека неговата земја го привела до крајот процесот на пристапување во Северноатлантската алијанса, кон која оваа јужноамериканска држава се стреми уште од 2013. година.

Колумбија е една од најверните сојузнички на САД во Латинска Америка, а нејзината важност се зголемува поради фактот дека е сосед на Венецуела, земја со која Вашингтон има најблаго речено проблематични односи.

Официјална Богота го ратификуваше Договорот за соработка со НАТО во мај 2017 година по мировниот договор со бунтовниците од ФАРК, а Сантос сега најавува дека статусот на Глобален партнер ќе биде официјализиран во текот на следната недела во седиштето на НАТО во Брисел.

Тој порача дека Колумбија има право „да мисли на големи работи“ и дека може да биде една
од најдобрите земји не само во регионот туку и во целиот свет.

Колумбија ќе биде првата земја од Латинска Ааерика која има ваков, статус што според Сантос ќе го подобри нејзиниот имиџ на меѓунардоната сцена, но без сомнение ќе ги проблематизира односите со другите земји од регионот.

Документот предвидува размена на поверливи информации и оди спротивно на Заедничката декларација на земјите од Јужна Америка со која таа е прогласена за „зона на мирот“.

Сеуште не е јасно дали Колумбија ќе учествува во воени операции но ќе биде целосно акредитирана во Брисел.

Инаку меѓу државите со кои НАТО одржува стратешка воена соработка и имаат статус на Глобален партнер се Авганистан, Австралија,
Ирак, Јужна Кореја, Јапонија, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

Македонија, како што е добро познато, има отворена покана за влез во Алијансата, но таа ќе се активира дури тогаш кога Грција ќе биде задоволна со некое ново име на државата, кое ќе биде не само за надворешна туку и за внатрешна употреба, заедно со неминовна промена на уставот и „комисиска“ проверка на нашата „иредентистичка“ историја.

Според последните информации откако пропадна предлогот на премиерот Заев за Република Илинденска Македонија, отфрлени се четири од петте предлози на медијаторот Меју Нимиц и сега најреална можна опција останува Република Северна Македонија или како што шпекулираат грчки извори име надвор од пакетот на медијаторот.

SHARE