И Косово ќе добие бугарско малцинство!?

Loading...

По примерот на Албанија и Бугарите во Косово побарале нивно официјално признавање како малцинство, вели претседателот на Државната агенција за Бугарите во странство (ДАБЧ), Петар Харалампиев.

„Еден од приоритетите на државата беше да се свртиме кон заедниците во Западен Балкан. Прво се поврзавме со Албанија, а сега следува Косово. Во моментов собираме потписи. Постапката во овие земји е различна. Европратениците треба да го известат Косово за нашите барања. Очекувам да биде признаено бугарското малцинство таму“, изјави Харалампиев за bgonair.

Тој вели дека „Бугарите во Косово ќе имаат исти права како останатите малцинства во државата во која досега немало графа Бугари при пописот.