И легендарниот Кундера против Преспанскиот договор и референдумот за името

Легендарниот чешки писател Милан Кундера познат како автор на романите „Неподносливата леснотија на постоењето“, „Книга за смеата и заборавот“, и „Шега“ е потписник на писмото од 73 македонски и светски интелектуалци кое што британскиот весник Гардијан одбива да го објави.

Кундера важи за еден од најголемите живи интелектуалци на денешницата.

Писмото на кое тој го става својот потпис е одговор на писмото од четириесетина европски и американски интелектуалци кое што на 20 јули беше објавено во весникот Гардијан. Сега весникот сега одбива да објави одговор односно став на втората страна за ова прашање со што британскиот влиајтелен медиум го прекршува правилото за најмалку два извори при обработување на некоја тема.

Покрај Милан Кундера на писмото се потпишани и Јохан Галтунг, основач на Трансценд Унниверзитетот, Џејмс Петифер од универзитетот Оксфорд, Ричард Фалк од универзитетот Принстон, Жарко Пуховски од Загребскиот универзитет и многу други врвни интелектуалци од врвни европски и светски иституции и универзитети.

Гардијан одби да објави писмо – одговор на македонски и светски интелектуалци за договорот со Грција (ФОТО)

Од Википедија за Милан Кундера

Кундера пишува на чешки и француски јазик. Тој ги ревидира француските преводи на сите негови книги и затоа тие не се сметаат како преводи туку како оригинални дела. Како резултат на цензурата на комунистичката влада во Чехословачка, неговите книги биле забранети во неговата родна земја, а тоа траело до падот на оваа влада за време на Кадифената револуција во 1989 година.

Живот

Милан Кундера е роден во 1929 година во семејство од средна класа. Неговиот татко, Лудвик Кундера (1891-1971) бил ученик на композиторот Леош Јаначек и важен чешки музиколог, кој работел како управител на Музичката Академија Јаначек во Брно. Низ неговите дела може да се забележат музичките влијанија од 1948 до 1961 година. Милан научил да свири пијано од неговиот татко, а подоцна заминал да студира музикологија и музичко компонирање. Низ неговите дела може да се забележат влијанија и навраќања на музиката. Тој отишол толку далеку што дури вметнувал и ноти во текстовите за да ја долови поентата.

Кундера припаѓа на генерацијата млади Чеси кои имало мало или речиси никакво искуство од предвоената демократска чехословачка република. Нивната идеологија била во голема мерка под влијание на Втората светска војна и германската окупација. Уште во време на неговите тинејџерски денови, Кундера и се придружил на Комунистичката Партија на Чехословачка, која што ја превзеде власта во 1948 година.

Кундера го завршил средното обрзование во Брно во 1948 година. Тој студирал литература и естетика на Факултетот за Уметности при универзитетот Шарл во Прага. По два семестри се преселил на Факултетот за Филм при Академијата за сценски уметности во Прага, каде што посетувал предавања за филмска режија и пишување сценарија. Во 1950 година неговите студии биле накратко прекинати поради политички ангажман.

Во 1950 година тој и еден друг писател, Jан Трефулка, биле исклучени од Партијата заради “антипартиски активности”. Трефулка го опишал настанот во неговата новела Дожд врнеше врз нив, 1962. Кундера исто така го искористил инцидентот како инспирација за главната тема на неговиот роман ”Шега”, 1967.

По дипломирањето во 1952 година, Факултетот за филм го назначува за предавач по светска книжевност. Во 1956 година Милан Кундера е повторно примен во Партијата, за да во 1970 година биде исклучен по вторпат. Кундера, заедно со другите реформски настроени комунистички писатели како што бил Павел Кохоут, делумно учествувале во Прашката пролет од 1968 година. Овој краток период на реформски активности бил задушен со Советската инвазија на Чехословачка во 1958 година.

Кундера останал посветен на реформата на чешкиот комунизам и жестоко се расправал со Хавел во пишана форма велејќи дека суштината е да се остане смирен и дека “никој се уште не е затворен заради своето мислење” и дека “важноста на Прашката eсен на крајот може да биде поголема од онаа на Прашката пролет”. На крајот, Кундера сепак се откажал од своите реформски сништа и се преселил во Франција во 1975 година. Тој станал француски државјанин во 1981 година.

7 Коментари

  1. Од почетокот на проблемот за името во ООН во 1993 година, политички тела на ООН не разбрале дека не станува збор само за „државно име“, туку станува збор и за националниот идентитет, негирање на секој елемент на нашата нација, јазикот и културата. Сега се бара да потпишеме во спогодбата/компромисот со Грција дека НЕ СМЕ МАКЕДОНЦИ и ДЕКА НАШАТА НАЦИЈА НЕ ПОСТОИ! Оваа ПРАВНА димензија на ИМЕТО никогаш не беше објаснета во ООН и државите-членки на ООН не се свесни дека со проблематизирање на ИМЕТО се доведуваат во прашање националниот идентитет и културата на цел еден народ! Никаква резолуција на Советот за безбедност или на Генералнo собрание на ООН не може да инсталира механизам за БРИШЕЊЕ на ИДЕНТИТЕТОТ на еден народ и на една држава!
    ИМЕТО е ПРАВЕН ИДЕНТИТЕТ во меѓународното право! Оттука проблемот има ПРАВНА ДИМЕНЗИЈА! ПРАВЕН ИДЕНТИТЕТ е основен елемент на ПРАВНИОТ СУБЈЕКТИВИТЕТ!
    ПРАВНИОТ СУБЈЕКТИВИТЕТ е ЕЛЕМЕНТ од ДРЖАВНОСТА!

    Со новата трајна спогодба (компромис за името те. идентитетот) потпишана од Македонија и од Грција, Привремената спогодба ќе се замени, но нема да се поништи претходната Пресуда од Хаг, но битно е дека со новото име, сегашна привремената референца ќе се замени со нелегитимна ТРАЈНА РЕФЕРЕНЦА. Односно со нова нелегитимна референца,
    која не е израз на волјата на народот.
    Оваа како договорно и компромисно воспоставен идентитет не е легитимна како назив, а со тоа тешко дека ќе може да биде одржливо легално решение, бидејќи подразбира дека претходно постоел СПОР или РАЗЛИКА околу името, а споровите за државни имиња не постојат, ниту можат да постојат, па произлегува дека компромисното име е наметнато (како и привремената референца), а не е израз на ВОЛЈА на народот. Избор на името на народот, нацијата, па оттаму и уставното име (како основна уставноправна категорија) е основно право на народот, а уставното име е ЈУС КОГЕНС во внатрешната јурисдикција на државата, како основно државно право.

    Од фактот дека новото име не претставува израз на суверена волја на народот, таков назив не е државно име и нема легитимитет (согласност) на народот, туку станува збор за ВЕШТАЧКА ТВОРБА или за референца креирана со компромисен меѓународен договор! Ваквата творба е ТРАЈНА РЕФЕРЕНЦА односно ВЕШТАЧКА ТВОРБА. Таа нема изворен и директен (народен) легитимитет.
    Пресудата од Хаг јасно укажува дека не постои ниту иредентизам ниту кражба или фалсификат на името (идентитетот) и историјата, и консеквентно дека сите грчки барања се нелегитимни и без правна основа. Овој став на судот и понатаму останува правно релевантен.
    Но при разгледувањето на предметот во судот, фактот дека Привремената спогодба не е ратификувана во грчкиот парламент не беше пречка судот да се прогласи за надлежен и да се потврди дека станува збор за валиден документ.
    Договорот од Преспа, како беспредметен и нелегален мора да се прогласи за ништовен!

    Признавањето на името во ОН е единствен начин проблемот да се реши на достоинствен начин за Македонија, а дека секаков компромис од етичка и политичка гледна точка е невозможен и неприфатлив, затоа што достоинствено политичко решение со Грција не постои.

    На прашање од Нимиц до Гутереш, по потпишувањето во Преспа, да ли да се оди во Советот за Безбедност на ООН, да се донесе НОВА РЕЗОЛУЦИЈА на Советот, Гутереш одговори дека прашањето не е од таков карактер! Имено не е БЕЗБЕДНОСНО! И да додам на ова: Никогаш не беше безбедносното прашање!!
    Најбитно за нас е што треба да се прави разлика меѓу препорака и одлука на ОН. Резолуцијата 817 е само препорака, и не е задолжителна за Генералното собрание на ОН. Препорака за прием никогаш нема безбедносен карактер, во спротивно кандидатот Македонија /ПЈРМ никогаш немаше да биде примен во ОН.
    Но, нашиве не прават разлика меѓу препорака и одлука и лаички сметаат дека Резолуцијата 817 е неопходно да се замени со нова резолуција, што е очигледно погрешно и претставува заблуда! Посебно Керим!
    Гутереш одговори дека прашањето не е Безбедносно и дека „на крај од постапката” Договорот само ќе биде РЕГИСТРИРАН во Секретаријатот на ООН! (Те. Нема да има нова резолуција на СБ или Генералното Собрание на ООН!).

    Што треба да се стори: Македонија поднесува барање за дневен ред на ГС на ОН, предлогот по гласањето во Генералниот комитет составен од 20 држави поминува (со голема веројатност) и се става на гласање на Генералното Собрание на ОН каде се одлучува со простото мнозинство за барањето за продолжување на членството на земјата под нејзиното уставно име.
    Таа резолуција најверојатно ќе ја спонзорира Турција, а кога таа ќе се изгласа за Македонија прашањето со името во ОН е завршено, така што веќе немаме проблем со ОН ни со Грција.
    Со тоа, постапката во ООН завршува!

  2. Гласот „За” на тнр. „референдумот” ќе биде вовед во диктатура и војна, а потоа ова состојба ќе биде почеток на распарчувањето и крајот на Македонија! Тнр. „Референдум” за крајот на суверена Македонија не сме да успее! „Референдум” е измама!
    ТАТКОВИНАТА ПОВИКУВА на БОЈКОТ !

  3. Кај нас шиптарите не треба ниту да гласаат на ваков референдум за македонскиот идентитет!!

    Шиптари, ОВА НЕ Е ВАШЕ ПРАШАЊЕ! КОЈ ВИ ДАВА ПРАВО!???

    Албанците, НЕМАТЕ ПРАВО ДА УЧЕСТВУВАТЕ ВО РЕФЕРЕНДУМОТ ЗА ИМЕТО!

    НЕ СЕ МЕШАЈТЕ!!!

    Шиптари,ако ова не разбирате еден СИТЕ ПРАВА ќе ви одземеме !

    НЕМАТЕ ПРАВО ДА УЧЕСТВУВАТЕ ВО РЕФЕРЕНДУМОТ ЗА ИМЕТО!

  4. На 30 септември, доколку граѓаните не сакаат да бидат соучесници на туѓи агенди и платформи и доколку тие достоинствено одбиваат правно да се самоукинат, најдобро е тоа неделно попладне воопшто да не излезат на ова наместено референдумско гласање!

Оставете Коментар