И лозарите подготвуваат протести !

„Нема напредок во преговорите со винарите околу цените. Ние сме во загуба. Тие ги нудат истите цени од 11 до 13 денари за килограм „’смедеревка’ и ‘вранец’, а ние бараме реални 15 со 17 денари за овие најзастапени сорти“, вели претседателот на Здружението „Напредни лозари“, Трајче Кулев кој побара масовна поддршка од производителите на грозје и најави протести.

Лозарите од Тиквешкиот регион синоќа одржаа состанок незадоволни од ниските откупни цени и игнорантскиот однос, како што велат, на винарите.

SHARE