И Македонците во Бугарија со став за референдумот

На своја седница одржана на 9 септември 2018 г. во Благоевград Централниот совет на ОМО „Илинден“-ПИРИН го разгледал прашањето за претстојниот референдум во Р Македонија во врска со името на Р Македонија и ја донесе следната позиција, пренесува порталот на Македонското Меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) од Канада:

– Поаѓајќи од очигледната несправедливост на наметнатиот од грчкиот национализам проблем и сознавајќи дека надвор од секакво сомнение мотивите на грчката страна се насочени против македонската нација, идентитет и македонското малцинство во Грција;
– Поаѓајќи од фактот дека договорот со Грција, како и оној со Бугарија, не се рамноправни и не ги затвараат проблемите, а создаваат механизми за постојано уценување на Р Македонија во процесот на нејзината евроинтеграција од страна на Грција и Бугарија и тоа во насока истата да се откаже од секакво тврдење дека постои македонска нација и малцинства;
– Сознавајќи дека како последица од тоа, овие договори несправедливото барање за менувањето на името на Р Македонија како услов за почеток на преговори за евроинтеграција, реално можат да го заменат со друг услов – демолирање на македонската нација како услов за влез во Европа, или како што веројатно ќе биде наречено: „целосно имплементирање на договорите со Грција и Бугарија“; намера, која е недвосмислено најавена од Грција и Бугарија со зборовите: „Македонија во Европа – да, македонизмот – не!“;
– Забележувајќи дека Грција и Бугарија не кријат дека според нив овие договори го „решаваат“ прашањето за македонските малцинства на нивна територија во смисла на нивно целосно бришење;
– Свесни дека целиот процес се одвива под силен надворешен притисок, кој ни најмалку не е мотивиран од благородни и алтруистички мотиви, идеали и принципи, туку од желба за гео-стратегиско позиционирање и зацврстување на своето влијание во регионот;
– Изразувајќи поради тоа разбирање кон тешката и деликатна позиција во која се наоѓаат македонската држава и нејзината влада;
– Свесни дека правото, демократијата и референдумот не играат никаква друга улога во целиот процес освен во улога на смоквен лист кој треба да го прикрие насилството врз цел еден народ под превезот на „доброволност“ и „заемна согласност“.
– И оценувајќи како очигледен факт дека решава силата а не правото;

ОМО „Илинден“-ПИРИН е на мислење дека единствениот можен и достоинствен став во едно време на неправда и отсуство на прифатлива алтернатива е народот да одбие да соучествува во сопственото понижување и обезличување и да не дава алиби на насилниците, преку бојкотирање на овој наметнат од надворешни сили „референдум“.

Централен совет на ОМО „Илинден“ – ПИРИН

1 Коментар

  1. Ако е вистина оба што Ципрас го изјавува ,ШТО СПОРЕД МОЕ МИСЛЕЊЕ Е НИШТО ДРУГО ТУКУ ЖИВА ВИСТИНА.ВО ТОЈ СЛУЧАЈ ЧЕСНИОТ МАКЕДОНСКИ НАРОД НЕ ТРЕБА ДА ПРАВИ НИШТО ДРУГО ТУКУ ДА “БОЈКОТИРА “ ПО СЕКОЈА ЦЕНА .НАРОДЕ МАКЕДОНСКИ ОСВЕСТИСЕ И ДОНЕСИЈА ПРАВИЛНАТА ОДЛУКА ЗА МАКЕДОНИЈА СО “БОЈКОТИРАЊЕ НА ОВОЈ СРАМЕН И НАМЕТНАТ РЕФЕРЕНДУМ” ШТО РЕКЛЕ НАШИТЕ ПОСТАРИ ТРИПАТИ МЕРИ ЕДНАШ СЕЧИ.

Оставете Коментар