И Меркел тажна по поразот на Германија на СП

После поразот своја порака на Фејсбук напиша и германската Канцеларка, Ангела Меркел:

„Штета. Сите сме тажни денес“, напиша Меркел на својот официјален профил на Фејсбук, по вчерашниот пораз на репрезентацијата на Германија на Светското првенство во Русија.

Германија загуби од Јужна Кореја во последниот дуел од групната фаза на Светското првенство со 2:0 и не успеа да обезбеди пласман во втората фаза од Мундијалот.

Германскиот печат емотивно реагира на шокантната загуба на националниот тим од Јужна Кореја и елиминацијата од Светското првенство уште во групната фаза. Расположението на тимот, кој пред четири години доминира светската фудбалска сцена, беше мрачна на пат за хотелот по натпреварот.

„Германија е во аут!“, напиша „Шпигел“ по поразот на Бундестимот и додава дека „Германија допушти загуба во натпревар против најслабиот во групата“.

„Тоа беше најголемиот удар во историјата на германското учество во светските првенства во фудбал. 0: 2 е болен крај за Германија на шампионатот во Русија“, коментира „Билд“.

„Оставка на Лев? Прашањето останува отворено“, пишува „Алгемајне Франфуртер Цајтунг“, потсетувајќи дека договорот на Јоаким Лев е до 2022 година.

SHARE