Оптимизмот за еспресно откочување на евроинтеграцијата на Македонија што го ширеше вчера Зоран Заев по договорот со Алексис Ципрас не го делат во влијателниот портал „Политико.еу“, кој се повикува на документ според кој таа би добила почеток на преговори со Европска унија најрано во втората половина на 2019 година.

Според текстот до кој дошол порталот, Франција и Холандија подготвиле заклучоци за самитот на Европски совет на 28 и 29 јуни со кои одлуката за разговори ќе се помести најмалку за една година од сега. Двете земји сметаат дека Унијата треба да се фокусира на реформирањето на самата себеси по Брегзит пред да размислува за проширување. Според нив, приемот на држави од Балканот, со наследство од војни и со проблеми со организираниот криминал и корупцијата, би бил подарок за популистичките опоненти на ЕУ за изборите за Европски парламент в година.

„Заклучоците на самитот изготвени од Франција и од Холандија нема да им дадат на  двете земји (Македонија и Албанија – н.з.) ни условно зелено светло да им се приклучат на Србија и на Црна Гора во разговорите за членство во ЕУ. Од Албанија и од Македонија ќе се бара да преземат повеќе мерки за реформирање на нивните судства, реформа на јавната администрација и борба против криминалот и корупцијата.

Европскиот совет потоа ќе го разгледа напредокот во извештајот составен од Европска комисија „за време на вториот семестар од 2019 година“, според нацрт-текстот. Значајно е тоа што тоа ќе дојде по изборите во Европскиот парламент“, пишува „Политико“ во текстот насловен „Договорот за името на Македонија е само крај на почетокот“.

„Во моментов изгледа дека Македонија и Албанија најмногу на што можат да се надеваат од самитот е договор за почеток на подготовки за преговори за членство. Но, тие ќе треба да спроведат повеќе реформи пред да седнат на преговарачката маса“, се додава во написот.

Порталот цитира дипломат дека многу нешта ќе зависат од средбата меѓу германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон во вторник, на која двајцата ќе се обидат да постигнат заедничка позиција во врска со прашањата поврзани со ЕУ пред самитот.

 

5 Коментари

  1. Ако анализираме говорот на претседателот Иванов, внимавајте, тој прифати став на Игор Јанев дека е прекршен член 2 во ставот 1 од Повелбата на ООН во кои се штити ПРАВНАТА ЕДНАКВОСТ на државите членки на ООН! Погледнете го тој дел од говорот.
    Со тоа се јасно имплицира и кршење и на членот 2 во ставот 7 до Повелбата на ООН кои се однесува на забраната за МЕШАЊЕ на членката или Организацијата во СТРОГАТА ВНАТРЕШНАТА ЈУРИСДИКЦИЈА НА КОЈА БИЛО ДРЖАВА!
    Со овие ставови Иванов имплицира и дека е прекршен член 4. во ставот 1 од Повелбата кои се однесува на прием во ООН кога се исполнети ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПРИЕМ ВО ООН! (Општи, а НЕ ПОСЕБНИ услови.)

    Со една реченица претседателот Иванов повтори ставот на Игор Јанев дека прекршувања се однесуваат на чл. 2 (1, 7) и чл. 4 (1) од Повелбата на ООН!

    Лек за оваа правна ситуација (дискриминација во членството) е познат.

    Заклучок: Ако пропадне заклучување, вклучувајќи ја ратификацијата, претседателот ќе примени познатиот правен лек во ООН.

Comments are closed.