И првиот полицаец на Грција се загрижил за името на Македонија

Министерот за внатрешни работи на Грција, Панос Скурлетис, ја нагласи потребата од постигнување „поширок парламентарен консензус“ за прашањето за името на северниот сосед по впечатокот дека бледее моментумот за постигнување договор.

Коментарите на Скурлетис се и реакција на цврстиот став на помалиот коалициски партнер во грчката Влада, партијата Независни Грци на министерот за одбрана Панос Каменос, кој и понатаму се противи зборот Македонија да биде содржан во името што евентуално би било договорено.

„Неопходно е да се каже дека имаме можност пред нас“, изјави тој.

„Прозорец на можности“ за „заемно прифатливо решение“ гледа и заменик-министерот за надворешни работи Јоргос Катругалос, но додава и дека „не можеме да кажеме дека имаме договор во чантата“.

Прашан за коментар за ставот на македонскиот премиер Зоран Заев против промена на Уставот и севкупна употреба на името што би се договорило, Катругалос со констатација дека јавни изјави често се даваат за домашна употреба.