И што по бомбардирањето на Сирија?

Денешното бомбардирање на Сирија од САД и нивните сојузници, Велика Британија и Франција,  покренува голем број прашања.

Првото и најважно е поврзано со американската надворешна политика во Сирија:

Пред само две недели, Доналд Трамп од Охајо изјави дека американските сили ќе се повлечат од Сирија „многу бргу“. Но, сега тој се појавува како „протагонист“ во бомбардирањето на Сирија,  пишува Си-ен-ен.

Кои се целите на политиката и што ќе следува?

Дали владата на Трамп е на став дека сирискиот лидер Башар ал-Асад мора да замине, како што инсистираше администрацијата на Барак Обама од првите месеци од сириската граѓанска војна? Или употребата на хемиско оружје е “црвена линија“ на Доналд Трамп без какви било други намери?

Дали Владата на Трамп планира заштита на сириските граѓани од војна која веќе ја сравни со земја таа држава во последните седум години?

За време на војната загинаа околу половина милион Сиријци, при што само малкумина од нив загинаа од употреба на хемиско оружје.

Како да се сфати загриженоста на американскиот претседател за цивилите во Сирија , кога

американската влада не дозволува прием ни на женски деца од Сирија на територијата на САД.

Дали воздушните напади, кои Кремљ ги осуди, значат голема промена во американско-руските односи.

Нападите врз целите на сириската влада – а не оние поврзани со Исламската држава – не беа одобрени од Конгресот иако американскиот државен секретар Џејмс Матис вели дека биле во склад со член 2 од Уставот на САД, за што не се согласуваат многу правници.

Конечно, има ли елементи на „шоу“ во целата оваа работа?

Оставете Коментар