И со резултатите се претера – Анкета на “Криминалите на ВМРО” (ФОТО)

Над 4600 луѓе гласале на онлајн анкетата на страницата ,,Криминалите на ВМРО-ДПМНЕ”, каде претежно членови се противници на опозицијата и придржувачи на СДСМ и премиерот Заев.

Анкетата е објавена на 18 август а прашањето е: Дали ќе излезете да гласате на референдумот закажан на 30-ти септември?

Резултатите се фрапантни.

Иако анкетата е направена со цел да покаже дека референдумот ќе успее огромни 70 % од гласачите текле дека воопшто нема да гласаат на референдумот а на гласање ќе излезат само 30 одсто од граѓаните.

Анкетата и покрај големиот примерок од 4,6 илјади луѓе нема речиси никаква научна вредност но дава претстава за расположението на граѓаните затоа што дури и опозицијата да и пристапила организирано и координирано таа сепак е спроведена од про-сдсмовска група.

Ако резултатите од анкетата се аплицираат во реалноста на референдумот ќе излезат не повеќе од 540 илјади граѓани што е далеку од потребните 910 илјади гласови за цензус.

Оставете Коментар