И тоа го дочекавме: СДСМ го брани Мијалков од ВМРО-ДПМНЕ

По 11 години како централна цел на напади од СДСМ од вчера екс шефот на Управата за државната безбедност Сашо Мијалков веќе не е „Крвник“ или „Криминалец“, и тој од “агресор” за власта стана жртва на внатрепартиските состојби во ВМРО – ДПМНЕ.

Во провидната ПР акција на провладините и медиумите под целосна контрола на СДСМ Мијалков од “најголем злосторник” од засега непознати причини за медиумите на СДСМ се претвори во човек на кој му се заканува како жртва на Мицкоски да биде избркан од неговата партија иако за тоа нема никаква најава од опозицијата.

Пропагандната акција на провладините медиуми започна со текст на порталот скопје1.мк кој пренесе информација за наводните тензии во опозицијата при што беа цитирани неименувани извори.

По системот што предходно го користеше ВМРО-ДПМНЕ со своите медиуми додека беше на власт сега информациите од порталот кој е сосема непознат во јавноста и кој нема ниту импресум ги преземаат релавантните медиуми блиски на СДСМ и ја шират приказната за наводниот судир во ВМРО – ДПМНЕ.

На неименуваните извори на скопје1.мк кои што ги користи и влијателниот плусинфо.мк каде шефува Бранко Героски , се додаваат и други неименувани извори и се прави обид за засилување на тезата за раскол и распад во ВМРО – ДПМНЕ.

Паралелно со медиумската кампања на СДСМ која што е очигледно координирана од Илинденска и се спроведува преку нивни медиуми и уредници, високи партиски претставници на СДСМ и ДУИ брифираат дека ВМРО – ДПМНЕ е пред распад и дека Мицкоски наскоро ќе абдицира.

Оваа очигледна нервоза во редовите на владеачките партии се должи на резултатите на партиските анкети кои ги спроведуваат и СДСМ и ДУИ но и ВМРО – ДПМНЕ кои покажуваат катастрофален тренд за власта, тврдат истражувачи на јавното мислење кои паничната реакција на владеачките медиуми ја објаснуваат со страв од рејтингот на опозицијата.

Во меѓувреме двајца од највлијателните партиски членови Антонио Милошоски и Трајко Вељановски јавно ја изразија поддршката за Мицкоски со што се елиминирани шпекулациите дека лидерот на партијата нема подршка во пратеничката група.