И Вајгл се фати за историја

„Ова е клучен историски момент за Македонија и треба да се процени како прв конкретен чекор кон членството во ЕУ“, порача известувачот за Македонија во Европскиот парламент Иво Вајгел на седницата на Националниот совет за евроинтеграции во македонското Собрание на која беше и еврикомесарот Јоханес Хан кој официјално и го инаугурираше почетокот на скрининг процесот за подготвеноста на земјата за почнување на пристапните преговори.

„Ова не е формалност, ова е содржинска шанса за напредок. Членството во ЕУ и НАТО се историска шанса за Македонија. Нема да има втора шанса“ рече Вајгл.