И за Бејли членовите на ИСИС се репатрирани а не уапсени во акција на МВР

Американскиот амбасадор во Република Македонија, Џес Бејли, ја поздрави одлуката на Македонија да прифати седум припадници на терористичката организација Исламска држава.

МВР пред два дена ги презеде од САД седуммината макдонски државјани, кои се осомничени дека учествувале во терористички организации.

„Македонија постави важен пример за сите членови на Глобалната коалиција да го поразат ИСИС“, вели Бејли на Твитер, додавајќи дека останатите земји треба да го следат примерот.

Првично МВР објави дека МВР во акција ги привела седумтемина членови на ИСИС кои што се бореле во Ирак и Сирија каде што биле уапсени од Сириската Слободна Армија.

Подоцна се утврди дела МВР лажела и дека членовите на ИСИС се донесени од авион на САД на Скопскиот аеродром каде што МВР ги презела.

SHARE