И Затуроска ја напушти Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

Генералниот секретар на Унијата на жени на ВМРО – ДПМНЕ, Лидија Затуроска, си поднесе оставка на функцијата, неколку часа откако претпладнево оставка си поднесе и претседателката на УЖ на ВМРО – ДПМНЕ, Даниела Рангелова.

Веста ја објави на Фејсбук, каде објаснува дека бидејќи била поставена од Рангелова и таа се повлекува од функцијата.

„Како генерален секретар поставен од претседателката Рангелова сакам да изразам голема благодарност за довербата која ми ја даде во два наврати и правев се од себе за да ја извршувам функцијата најдостоинствено што можеше. Рангелова и тимот ја поставија унијата на жени на високото скалило во партијата и така треба да продолжи“, напиша Затуроска која вели дека ќе остане на располагање на нејзината партија.

Во телефонски разговор за „Телма“ пратеничката Лилјана Кузманоска,  изјави дека сите членови на Извршниот комитет на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ се во оставка затоа што според партискиот статут доколку претседателот си замине од функцијата, тогаш заминува и целиот тим.

SHARE

1 Коментар

Оставете Коментар