И зборот проширување создава паника во ЕУ!

Европската унија нема сила за нов бран проширување и не може да си дозволи прием за земјите од западен балкан, бидејќи тие ќе донесат голем број ризици како национализам, фалични правни пржави и општества кои ќе ги трошат парите на другите, оценува Дојче веле, како што пренесува А1.он.

Според Дојче веле, земјите од Западен Балкан биле далеку од исполнување на поставените „домашни задачи“, а против проширувањето во блиска иднина оди и фактот што Унијата е премногу окупирана со самата себе.

И самиот термин проширување предизвикува паника во многу европски главни градови, пишува ДВ.

„Кога една земја ќе влез во клубот, нема никаков механизам против неа. Таа ги користи сите предности на ЕУ има право на глас, дури и ако не се однесува како што треба“ се вели во написот, како што пренесува А1.он.

SHARE