И Зибери „бојкотира“: Референдумот не е задолжителен!

Ballot box with person casting vote on blank voting slip

„Референдумот не е задолжителен и не е составен елемент од самиот договор. Член 1 точка 4 вели дека договорот ќе стапи во сила по ратификацијата во двата парламента и откако Република Македонија ќе ги донесе уставните измени. Што значи дека конститутивните елементи за стапување во сила на договорот со Грција се ратификување на законот за договорот и уставните измени“ смета  аналитичарот Насер Зибери, според кој консултацијата со народот е „доброволна“.

„Нашата страна доброволно соопшти дека сака да организира референдум кој ќе биде консултативен врз основа на одлуката на Собранието. Тоа значи дека нема да биде задолжителна за одлуката што ќе ја донесе надлежниот орган, во овој случај Собранието на Македонија, било за стапување во сила на законот или за ратификацијата на договорот, или пак уставните измени што произлегуваат од договорот со Грција“, вели Зибери како што пренесува Алсат М.

Претходно и претседателот на парламентот Талат Џафери, рече дека и покрај трошоците за референдумската кампања и нејзиниот исход, институциите повторно се оние кои ќе одлучуваат за договорот со Грција во име на граѓаните.

SHARE