ИБНА: Димитров потпишал во Њујорк, Ципрас вечерва чека повик

Грчкиот новинар Спирос Сидерис кој што важи за близок на кругови на официјална Атина а во Скопје е издавач на дневниот весник Независен, тврди дека за време на последната средба за името во Њујорк на 25 мај бил договорен документ кој бил одобрен од страна на министерот Димитров во присуство на медијаторот Нимиц.

Според Сидерис тогашната штура изјава на Нимиц не го одразувала текот на разговорите и што всушност се случило на средбата меѓу Димитров и Коѕиас.

Според екслузивните информации на неговата агенција ИБНА разговорот во Њујорк тогаш кулминирал со целосен договор.

Што точно се случило подоцна е тајна дури и за Сидерис кој тврди дека по враќањето во Скопје и читањето на предлог договорот предизвикал реакции во владата која се обидела да редефинира некои од точките во договорот иако предходно преговорите завршиле со целосен договор кој бил одобрен од Никола Димитров.

По премислувањето на Скопје, грчката влада како последен обид да се спасат преговорите предложила договорот да биде вратен кај Нимиц за корекции за кој тој смета дека се неопходни а врз основа на тоа што било договорено. Сидерис тврди дека Атина дала гаранции дека ќе ги прифати сите корекции на Нимиц.

Откако текстот бил вратен од медијаторот на Грција и Македонија, Скопје продолжило да дава забелешки за договорениот предлог договор кој што бил гарантира и уреден од страна на Нимиц.

Ваквото однесување на Македонија предизвикало реакции во Атина по што во петокот грчката влада излезе до неформална реакција според која „ФИРОМ не е подготвена да се придружува на договореното“.

Според добро информираниот грчки новинар незадоволство од ваквото однесување и премислување на Скопје има и од другата страна на Атлантикот (Вашингтон) и ОН затоа што Обединетите Нации се директно засегнати од повлекувањето од договорот кој што според ИБНА бил потпишан неколку дена порано.

Информирани извори за ИБНА тврдат дека сега на ред е Зоран Заев да направи финална одлука од која што нема да се повлече дури и преку телефонски повик кој што се очекува уште вечерва. Истиот извор тврди дека „Атина не се брза, ниту ќе биде вовлечена во игра на обвинувања“.